Дел од Визбегово без струја

Од:

Дел од корисниците во село Визбегово кои гравитираат кон Истражниот затвор – Шуто Оризари, кампот за азиланти, објектот „New Star“ како и останати стопански и нестопански објекти во овој реон , од 09 до 15 часот ќе бидат без струја.

Од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците лоцирани на улицата „Ибе Паликуќа“ – во околина на станбен објект број 43.

Како што соопшти Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје, овие прекини се заради технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство