Дел од Скопје утре без струја

Од:

Корисниците на село Орешани во општина Зелениково и дел од улицата Рилски конгрес во Кисела Вода утре од 9 до 13 часот ќе останат без електрична енергија.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека освен нив, од 9 до 14:30 часот струја нема да имаат и потрошувачите од село Катланово во општина Петровец, а од 9 до 15:30 часот корисниците од село Танушевци во општина Чучер Сандево.

Од 10 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од месноста Бела Земја и село Кадино во општина Илинден, а од 10 до 11 часот улицата „Павел Шатев“ во општина Центар.

Без струја од 12 до 14:30 часот ќе остане дел од улицата Прашка, а од 13 до 15:30 часот корисниците на дел од улицата Поп Богомил во општина Карпош.

Од 13 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат улиците Гарсија Лорка и Брсјачка Буна во Шуто Оризари, а од 11:30 до 14:30 часот корисниците од селата Јурумлери и Белимбегово во општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство