Дел од општините Карпош и Кисела Вода во понеделник без струја

Од:

Без напојување со електрична енергија во понеделник од 8.00 до 10.00 часот ќе останат корисниците на дел од улицата „Георги Димитров“, односно куќниот број 11 во општина Кисела Вода, како и  корисниците во околината на крстосницата помеѓу улицата „Ацо Шопов“, по старо „Пролетерска“, и булевар „Партизански Одреди“ во населбата Влае, од 8.30 до 13.00 часот.

Како што соопшти Град Скопје, без струја ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Козле“ од 9.00 до 12.00 часот, како и корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“ и објектот на хотел „Гранит“ во општина Карпош од 9.30 до 11.00 часот .

Причина за прекините се инвестициските зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во тие региони.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство