Дел од Карпош и Кисела Вода утре без струја

Од:

Потрошувачите од улиците „Драгиша Мишовиќ“ и „Карпошево Востание“ во општина Карпош, утре од 11 до 12:30 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улицата „Јуриј Гагарин“, а 10 до 15 часот потрошувачите од улицата „Трајко Бошковски“ во општина Карпош.

Без струја од 08:30 до 11 часоот ќе останат потрошувачите од улиците „Ратко Митровиќ“, „Славка Динкова“, „14-та Бригада“, „Филип Кљаиќ“ и „Славчо Стојменов“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство