Дејвид Липтон времено ќе извршува обврски како шеф на ММФ

Од:

Првиот заменик шеф на ММФ, Дејвид Липтон времено ќе ја извршува обврските на директорката на Фондот, Кристин Лагард. Таа вчера беше номинирана од лидерите на ЕУ за шеф на Европската централна банка.

Лагард, поранешна министерка за финансии на Франција изјави дека за неа претставува чест да прифати таква номинација од Брисел.

– Времено одлучив да ги прекинам своите обврски како шеф на ММФ, напиша таа на Твитер.

Од ММФ соопштија дека го прифаќаат ставот на Лагард и нагласуваат дека „веруваат во способностите на Дејвид Липтон за извршување на обврските како директор на ММФ“.

Лагард чија кандидатура за пеф на ЕЦБ треба да ја потврди ЕП, ќе го смени од функција Италијанецот Марио Драги на 1 ноември.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА