Британскиот премиер Дејвид Камерон бара глобална акција за да се спречат даночните измами и неплаќањето данок, прекут.н. рајски места за одбегнување на оданочувањето.
Во изјава за лондонските медиуми, дадена пред денешниот самит на ЕУ посветен на даночната и енергетската политика на земјите-членки, Камерон нагласи дека е потребна агресивна акција на Унијата против даночното затајување, откривајќи дека за тоа ќе се расправа и на годинешниот самит на групата Г8, што во јуни ќе се одджи во Северна Ирска.
Камерон претходно, со писмо, побара од властите во британските прекуморски територии, како Кајманските и Девствените острови, Гибралтар и островот Ман, кои се познати како „рајски места“ за неплаќање данок, да ги потпишат меѓународните спогодби околу даночната политика.
Официјален Лондон го поддржува барањето на Европската комисија за размена на податоци меѓу даночните власти на земјите членки, околу даноците, нудејќи го моделот на САД за прекугранична размена на вакви сознанија и информации.
Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија веќе тестираат еден ваков систем за да утврдат како тој ќе функционира. Овие пет земји се надеваат дека тој ќе може да стапи во сила веќе до крајот на оваа година.
Британските власти беа критикувани од Австрија дека заговараат уривање на досегашните бариери околутајноста на депозитите и сметките во банките, но дека ги „користат благодетите“ на своите прекуморски територии со сметките во тамошните банки, кои се „под капата“ на британскиот финансиски и банкарски систем.
Владата во Виена одбива да се приклучи кон земјите чии закони ја штитат тајност на нерезидентските депозити, како Швајцарија, Лихтенштајн и Монако, со цел да се обелоденува кои се луѓето кои чуваат пари во странство, за да одбегнат оданочување во своите земји.
Одбегнувањето плаќање данок ја чинат целата ЕУ еден билион евра секоја година. Европскиот парламент со посебна резолуција во 2008 година побара средување на состојбите и елиминирање на „рајските места“ за затајување данок до 2020 година.