Дефиницијата за „шато“ за виното треба да има исто значење за сите

Од:

Дефиницијата за „шато“ (chateau-замок) на Американската асоцијација на вина се разликува од европската дефиниција, следствено на тоа ако Европската комисија има намера да одобри на етикетите на американското вино кое се продава во Европа да стои сертификатот „шато“, тогаш тие треба да ги почитуваат европските норми, сметаат европратениците.

Во дебатата која се водеше со комесарот Алгурдас Шемета, европратениците изразија загриженост поради можноста која им се даде на американските вина на етикетите да ги стават деноминациите „шато“ (замок) или „кло“, бидејќи тоа ќе им дозволи на европскиот пазар да извлечат полза од вековното реноме на европските вина и со тоа да ја нарушат конкуренцијата на пазарот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Франција се има спротивставено на ова американско барање уште во 2010 година. За време на дебатата, европратениците изразија загриженост поради имитацијата на европските производи со сертифициран квалитет во целиот свет.

Притоа тие подвлекоа дека ако ЕУ го одобри традиционалното (европско) име за увезени производи, Комисијата тогаш треба да гарантира дека нормите и правилата треба да се спроведуваат на ист начин.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина