Тркалезна маса „Унапредување на регионалната соработка во туризмот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Асоцијацијата на структури од областа на туризмот за интеграција, промоција и афирмација на целиот Балкан како заедничка туристичка дестинација – Балканија.
Целта е да се дискутира за трендовите и случувањата во туризмот, соможностите и предизвиците за зајакнување на регионалната соработка во оваа област за што ќе биде презентирано истражување.