Дебата за развој на социјалното претприемништво

Од:

Улогата на социјалното претприемаштво во поттикнување на локалниот социо-економски развој ќе биде тема на обуката, која ќе се одржи денеска и утре во Струга, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а во соработка со австриското Министерство за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи и со Министерството за економија на Македонија.

Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на здруженијата на граѓани со економски активности и на малите претпријатија во струшкиот регион преку трансфер на know-how од пионерска организација во социјално претприемаштво во земјава и од интернационални експерти.

Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија има скопскиот регион со 42.6%, додека, пак, најмало учество имаат североисточниот, со 5.3% и југозападниот регион со 6%.

За потенцијалот на руралните подрачја и на туристичките места и улогата на бизнисот (социјален и традиционален) во нивниот развој ќе говори експертот по рурална социологија, Георг Визинер од Федералниот Институт за планински и послабо развиени подрачја од Виена.

Во рамки на настанот ќе бидат претставени и социјалното претпријатие „Барка“ од Полска од страна на нејзиниот основач Барбара Садовска, како и уличното списание „Лице в лице“ кое е едно од пионерите во развојот на социјалното претприемаштво во земјава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со посебен софтвер ќе се следи како се трошат парите за рамномерен регионален развој

Ана Ололовска

Промоција на проектот за одржлив рамномерен регионален развој

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Граѓаните од три општини ќе можат да учествуваат во креирање политики во областа на културата

А1он