Дебата за планински и екотуризам за Македонија

Од:

Дебата на тема „Планински туризам и екотуризам за одржлив развој за Македонија“ ќе се одржи денеска во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

На дебатата ќе учествуваат Рафаел Трује, директор на француското здружение Тетрактис, Жилбер Мантовани, заменик претседател и основач на здружението и Оливје Беф, планинарски водич кој престојува во Велес и сопственик на веб страната Macedonia trakking (http://www.macedonia-trekking.com/).

Тетрактис е организација чија цел е да ги истражи сите можности за соработка во насока на урамнотежен развој на регионите. Здружението развива активности во Франција, но исто така и во Јужна Америка, Африка и Азија.

Претставниците од ова здружение престојуваат во Македонија со цел изнаоѓање потенцијални партнерства и соработка околу проектите за локален развој, одржлив туризам и регионален развој.

Водичот, пак, ќе проговори за конкретните услови и развој на екотуризмот и планинскиот туризам во Македонија, врз основа на искуството стекнато во последните години.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ