Даночните реформи не се договорени, ќе следи дебата

Од:

Нема да брзаме, туку ќе отвориме дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни, а целта е да постигнеме позитивни и квалитетни ефекти, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за тоа до каде е постапката со подготовката на даночните реформи.

Тој истакна дека ниту една реформа не треба да го плаши народот доколку произлезе од претходна дебата.

– Штом ќе бидеме подготвени за таа дебата ќе ги објавиме сите анализи, сите податоци и детали, за да биде квалитетна дебатата со внимателно слушање на граѓаните. Така и ќе постапиме, а евентуалното донесување на ваквите закони пред 1 јануари 2019 нема да влезе во имплементација. Заедно, Владата со Парламентот ќе оцени кога е вистинското време да ја отвориме дебатата. Не сакаме да се отвори во време кога очите на граѓаните се вперени кон други важни работи за Македонија, веројатно ќе ја отвориме во соодветно време кое ќе продуцира квалитетна дебата, рече Заев при означувањето на почетокот на градба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Премерот ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1.000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти, а над 1.000 евра да се плаќа поголем данок.

– Не, дебатата ќе го одлучи тоа. Буквално ќе ги измериме сите податоци и така ќе ја донесеме одлуката, но праведно оданочување е нешто кое е фер во секоја земја.Ние сме левичари и редот е сите граѓани кои имаат поголеми приходи од 1.500, 2.000, 3.000 и 5.000 евра да платат повеќе Дај боже да имаме сите повеќе, сите да платиме повеќе данок на државата. Тие пари одат за социјална помош, за здравство, за образование, додаде Заев.

Според него, тоа е потребно за да можат да се спроведат и другите социјални аспекти, а дебатата ќе се спроведе демократски, предводена од граѓаните, за на крај да се донесе и конечната одлука.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

СДСМ: Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами