(ВИДЕО) Данев: Воведувањето на прогресивен данок ќе биде шок за малите и средни бизниси

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека владата на СДСМ ја уништувала македонската економија и финансискиот систем на државата.

– Владата на СДС за само 88 дена успеа да ја задолжи Република Македонија за неверојатни 145 милиони евра. Згора на тоа повлекоа и цели 177 милиони евра од државните резерви. Тоа се над 320 милиони за три месеци кои никој не знае каде завршиле. Владата се задолжува за стотици милиони евра и троши без усул. Граѓаните не знаат на што и како се трошат парите, кои утре тие и нивните деца ќе треба да ги враќаат. СДС за да ја покрие финансиската дупка која ја создаваат ќе отпочне со акција за покачување на даноците. Медиумите блиски до власта веќе објавија дека до крајот на година може да се очекува воведување на прогресивен данок, што ќе значи дополнителен удар за економијата. Шокот ќе биде особено голем за малиот и средниот бизнис, кои благодарение на економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, политиката на ниски даноци и рамниот данок, опстојуваат и даваат работа на илјадници луѓе, рече Данев.

Според него, со овие, како што рече, антиреофрми, СДСМ ќе ја тргне Македонија од мапата на инвеститорите и ќе ја спуштеле длабоко на листата на Дуинг бизнис како неатрактивна земја за инвестирање, каде што како еден од најголемите аргументи и предности до сега беше рамниот данок, што донесе голем број на странски инвестиции.

– СДС не размислува за доброто на работниците, исто како што не размислуваше ни во 90-те години на минатиот век кога без работа оставија над 200.000 работници и затворија 684 фабрики кои ранеа илјадници семејства. Воведувањето на прогресивниот данок ќе значи помалку пари во бизнисот, помалку средства за реинвестирање во нови погони и работни места, и несигурни претприемачи. Владата директно ќе го поттикне вработувањето на црно и отпуштање на голем број на работници, што ќе предизвика раст на невработеноста, помал обрт на пазарот на капитал и ќе креира немаштија кај голем број на семејства, рече Данев.

Тој додаде дека СДСМ биле закана за економската стабилност на државата и финансиската репутација на Македонија во земјава и странство, а расипништвото на Владата негативно влијаело и во очите на сите инвеститори, кои во Владата гледале коцкар со иднината на граѓаните и нестабилен фактор.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ