Блумберг – Њујорк
Салим Ал Ауфи, заменик-министер за нафта и гасови ресурси на Оман, ги споредува обидите да биде намалена зависноста од нафта при пад на цените делувајќи како „со вперен пиштол в глава“.
Ако треба да донесете одлука под притисок, таа веројатно ќе биде погрешна, рече тој на 3 март во Мускат, на дискусија за влијанието против нафтениот шок. Оман многу очекуваше од приходите од извоз на сурова нафта, кога цените беа високи, одбележува заменик-министерот.
Оман не е осамен. Повеќето арапски држави од Заливот не направија скоро ништо за да создадат алтернативни извори на приходи по децении трупање кеш, додека градовите се наполнија со велелепни куќи и трофејни проекти како уметнички острови. Тие можеби и ја пропуштија најдобрата можност да се ослободат од зависноста, како што го направија тоа Малезија и Мексико.
Монархиите во регионот натрупаа трилиони долари како резерви и државни фондови, и купуваа акции во компании, од Барклис Плц до Џенерал електрик ко. Продолжениот пад на цените на нафтата не им ги поткопаа расходните буфери, но тоа може да ги принуди да ги сменат расходните стратегии, велат од Мудис инвесторс сервис и ХСБЦ холдингс Плц. Владетелите кои бараат начин да го спречат повторувањето на разидувањата, и сменија од власт неколку арапски режими во 2011 година, ќе имаат помалку приходи кои треба да ги распоредат меѓу брзорастечкото население.
Буџетски дефицити
– При цена од 60 долари за барел, стариот модел за економски раст врз се повисоките нивоа на државни расходи, едноставно не може да опстои, коментира во интервју по телефон Сајмон Вилијамс, главен економист за централна и источна Европа и Блискиот исток во ХСБЦ. „Дефицитете ќе растат, растот на расходите ќе опадне, и економиите ќе забават“, дополнува тој. Цените на нафтата од видот Брент паднаа за близу 50 проценти од јуни минатата година, на околу 58 долари за барел.
Советот за соработка во заливот (ССЗ), во кој членуваат шест држави, ќе се соочат со вкупен буџетски дефицит од над шест проценти од БДП за оваа година, во споредба со вишокот кој редовно изнесуваше над 10 проценти во последните години, посочуваат податоци од ММФ. Растот ќе се забави до 3,4 проценти, во однос со 3,7 проценти во 2014 година.
Потресите на Блискиот исток ги прават потешки радикалните промени во економските политики. Земјите од ССЗ кои се клучни сојузници на САД, се мачат да го надминат влијанието на Иран и се исправени пред нови закани со појавувањето на Исламска држава во Сирија и Ирак.
– Таквите режими имаат склоност да избегнуваат ризици, па регионалната политичка средина е потенцијално многу нестабилна за владите да пристапат кон итни акции, потенцира Криспин Хос, извршен директор во аналитичката компанија Тенео интелиџенс во Лондон. „Средината никогаш не е довоилно стабилна за да дозволи длабоки структурни реформи“, заклучува тој.
Регионални немири
Владите одговорија на Арапската прилет со зголемување на расходите за плати во државниот сектор, за субвенции и одбрана. Инвестициите беа фокусирани во инфраструктурата и во поголемиот број случаи не создадоа алтернативни извори на странска валута, стои во инфромација од ММФ од декември. На нафта сеуште паѓаат околу 90 проценти од приходите во Саудиска Арабија, најголемиот извозник на оваа суровина во светот.
Намалувањето на зависноста од нафтата е „многу тешко“ и вообичаено зависи од политиката која се применува пред приходите да бидат засегнати од ценовниот шок, посочи ММФ. Фондот истакна дека Малезија, Индонезија и Мексико се меѓу земјите кои успеале тоа да го сторат.
Еден од исклучоците е Дубаи, кој ги има најголемите во регионот авиокомпанија и финансиски центар, иако нивнот модел може да е тежок за следење од другите земји во заливот.
„Повнимателни!“
Повеќето земји од ССЗ „значително не ги диверзифицираа своите економии“, вели Хос. „Можете да се преправате дека растот во приватниот сектор е знак за редица диверзификации, но во повеќето случаи тоа не е така. Растото е функција на расходите во државниот сектор, независно дали преку плати или преку инфраструктурни инвестиции“, дополнително коментира тој.
За инвеститорите во акција резултатот излегува дека откако започна падот на цените, пазарите во Заливот станаа уште поелоквентен показател за нафтата.
Тоа е „поопиплива промена“, одбележува Сајмон Кичн, стратег во инвестициската банка ЕФГ-Хермес во Каиро.
Инвеститорите „се уште повнимателни околу цените на нафтата отколку што беше претходно“, вели Кичн во телефонски разговор. Пред падот да се забрза, „взаемната зависност меѓу тие пазари и цените на нафтата беше негативна“, потсетува тој. „Одеднаш нафтата беше поместена на заден план“, дополнува стратегот.
Но сега е во центарот на вниманието. Во последното тримесечлје од 2014 година, индексот на Блумберг ГЦЦ 200 падна за 18 проценти и тоа беше најголемиот тримесечен пад од 2008 година наваму, и близу четири пати повеќе од падот на индексот на новорастечките пазари МСЦИ за истиот период.
Во февруари, Стандрад енд Пур го намалија кредитниот рејтинг на Оман и Бахраин. Се разгледува негативна перспектива и за Саудиска Арабија и се предупредува дека за две години кралството може да го загуби својот рејтинг АА-, четвртиот по висина степен, ако „ликвидните активи“ или фискалната позиција на земјата се намалат.
Главен заклучок
Во последнава деценија, земјите од Заливот го свртуваат вниманието на растот на нивните ненафтени економии. Истражување на ММФ го повтрди тој раст и исто така ги истакна неговите размери.
– Делот на нејаглеродите во БДП систематски расте,. но е во силна зависност од цените на нафтата, забележуваат од ММФ. „Напредокот при диверзификацијата на извозот е клучен елемент за одржлив раст, но е поограничен“, тврдат од фондот.
Главен исклучок се Обединетите арапски емирати, каде Дубаи спротивно се поставува на оваа тенденција, развивајќи палета на услуги и индустрии надвор од хемиската индустрија и се претвора во модерна економија, коментираат од ММФ.
Но успехот на Дубаи не може да биде директен модел за останатите земји од Заливот, затоа што место има само за еден регионален центар во одредени сфери, а тука Дубаи има предност, вели Џим Крејн, автор на книгата „Дубаи, градот на златото“ и научен соработник во Институот за државна политика Бејкер при Универзитетот Раис во Хјустон.
„Конкурентна предност“
– Дубаи ги користи благодетите од својата конкурентска предност кај авиокомпаниите, финансиските услуги и бродоградбата, дури и во лесната машинска индустрија, посочува Крејн. Другите влади треба да најдат сектори кон кој Дубаи сеуште не искажал претензии, советува тој.
ММФ препорачува стапки за насочување на извозот и индсустриите, и скратување на енергетските субвенции и работните места во државната администрација кои дејствуваат како сопирачка за претприемништвото.
Но тоа нема да биде лесно. Во јануари, Кувајт ги покачи цените на дизелот и керозинот и само еден месец подоцна ги намали по негодувањата во земјата. Бурната непријателска реакција беше очекувана, изјави министерот за финансии Анас Халид ас Салех.
– Го правиме тоа на внимателен начин, посочи тој. На Саудиска Арабија и претстои да направи порешителни чекори.
– Саудиските компании можат да се приспособат кон разумни цени на енергетските компании во кралството, но тие ќе треба да ги намалат своите оперативни расходи, на пример оние за труд, за да бидат поефикасни, коментира од својата канцеларија во Ријад, Мутлак ал Моришед, главен извршен директор на Нешенел индустријализејшн ко. со пазарна капитализација од 18 милијарди риали (4,8 милијарди долари).
Обновување на цените на нафтата?
Евентуалното обновување на цените на нафтата сепак би можело да ги спаси од дилемата економиите во Заливот. Некои приходи кај енергетските компании доаѓаат од долгорочни договори и тоа создава помалку ранливи земји, како што е Катар, водечки извозник на течен природен гас во светот.
Високите цени на нафтата се „благослов и проклетство“, вели Хатем аш Шанфари, член на управниот совет на Оманската централна банка, во интервју направено во Мускат.
– Постигнавме голем напредок кај социјалните показатели благодареие на арчењето на парите од нафтата, посочува аш Шанфари. Но се појави непријатниот аспект на нештата: „Толку се приврзавме кон неа што не сме далеку од точката од која започнавме пред многу децении, заклучува тој.