Дали кризата ја зафати и Москва?

Од:

Со години најголемата економска грижа на граѓаните на Русија не е дали ќе се најде или изгуби работа, туку дали од заработеното може да се живее, покажуваат истражувањата.

Невработеноста во Русија е пет отсто, а во Москва под еден отсто.

Просечното семејство во Москва од две просечни плати може убаво да живее – под услов да не плаќа кирија или рата за кредит.

Центарот на Москва и историските згради се вон домет за обичните граѓани. Поголемиот број жители на руската престолнина живеат во предградијата во типични згради. 

Просечната плата од илјада евра не ја одразува вистинската состојба поради тоа што разликите помеѓу богатите и сиромашните се огромни.

„Постои категорија која има огромни плати, па поради тоа просечната плата во Москва изгледа висока. Но ако го земеме како пример просечното семејство со двајца вработени и две деца, која има две илјади евра заработка и има сопствен стан, тогаш тие живеат удобно. Нивната исхрана е добра, ги плаќаат сметките, а веројатно можат да купат автомобил и да одат на одмор“, вели Владимир Лавицки, уредник во „Komersant”.

Најголемиот трошок во семејниот буџет е киријата.

„Ако семејството со просечни примања, нема сопствено живеалиште, тогаш стандардот опасно паѓа, затоа што Москва, не само во Русија, туку и во светот, е во самиот врв по цената на недвижнини и станарини. За двособен стан блиску до центарот се потребни две месечни плати“, додава Лавицки.

Земањето стан на кредит за просечниот жител на Москва е недостапно, затоа што просечната цена на квадратот во руската престолнина е 4.000 евра.

Меѓутоа примањата се различни во различни градови. Во краевите богати со нафта, примањара се три пати поголеми од просечните.

Најниски просечни плати имаат оние кои живеат во Северен Кафказ. Вработените во државното здравство и образованието, исто така се на дното, со просечни примања под 500 евра.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски