Дачиќ: Србија ја потроши својата иднина во економска смисла

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави на денешната владина седница дека Србија ја потрошила својата иднина во економска смисла.

– Целата Влада стои зад оваа политика, ова не е само одговорност на министерот за финанси. Потребно е укинувањето на сите големи трошоци и непотребни привилегии, доколку народот не може подобро да живее, да има чувство на праведност, рече Дачиќ.

Според премиерот „ако ова не го направиме, за две години Србија влегува во ситуација, слична на таа во Аргентина или Грција, сценарио кое ќе излезе од контрола“.

Тој нагласи дека Србија треба да стори се што е можно, бидејќи излез за сите проблеми е растот.

– Се надеваме дека кризата ќе исчезне, што ќе биде позитивно за економијата. Овие рестриктивни мерки нема да мораме да ги применуваме повеќе години, но ќе мора да воведеме ред, истакна српскиот премиер.

Српскиот министер за финансии Лазар Крстиќ претходно денеска најави зголемување на ДДВ од осум на 10 отсто и тоа ќе се однесува на стратешки важни производи како што се лебот, храната, млекото, маслото, но и на весниците, книгите и компјутерите, јавија белградски медиуми.

Таа стапка не беше зголемена лани по зголемувањето на ДДВ-то. Минстерот смета дека таа мерка ќе ја зголеми просечната цена на потрошувачката кошничка за 0,6 отсто.

Во објавата на новите економски мерки, тој најави и одданочување на платите во јавниот сектор над 60.000 динари во следната година за 20 отсто, додека за платите над 100 илјади динари процентот ќе биде 15 отсто.

Како една од клучните мерки, Крстиќ најави намалување на државните субвенции за државните претпријатија.

– Нивото на субвенции за тие фирми е поголемо за два до трипати во споредба со Европа, што е недозволено, рече Крстиќ.

– Ќе продолжиме со субвенционирање на кредити, но во намален обем. Ќе даваме субвенции за инвестиции и за вработување, нагласи тој.

Според него, заштедите во буџетот до 2017 година ќе бидат од 300 до 400 милиони евра годишно по основа на тие структурни реформи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски