Романската автомобилска индустрија „Аутомобиле Дачија СА“ се наоќа на првото место на ранг листата „Топ 100 компании во Југоистична Европа“ за 2016 година според приходите и нето профитот, што традиционално ја изработува регионалниот бизнис портал „СЕЕЊуз“.
Веднаш зад „Дачија“, на листата следуваат четири нафтени компании -словенечката „Петрол“, романските „ОМВ Петром Маркетинг“ и „ОМВ Петром“ и бугарската „Лукоил Нефтохим Бургас“.
Меѓу првите 10 компании на листата се најдоа и „Кауфланд Романија“, „Електостопанството на Србија“ (ЕПС), хрватската петрохемиска индустрија ИНА и романските „Ромпетрол Рефинаре“ и „Ромпетрол Даунстрим“.
На листата на стоте најголеми компании е рангирана и македонската „Џонсон Мети“, која се наоѓа на 17 место, што претставува скок за седум места во однос на ланското рангирање.
Во извештајот се посочува дека во 2016 година во регионот на Југоисточна Европа е регистиран економски раст од три проценти, што преставува зголемување во однос на претходната година кога растот изнесуваше 2,5 отсто.
Во регионот е забележан раст на корпоративните инвестиции, засилени со зголемената ликвидност и поповолните услови за финансирање, а чувството за севкупно подобрување на еконоската клима е засилено и со намалувањето на стапката на невработеност.
Според авторите на извештајот, политичките кризи во некои земји, пред се во Македонија, придонесоа за намалување на довербата кај инвестирорите и за одлагање на реформите. Изборите што се одржаа во Романија, Србија, Хрватска, Македонија и Црна Гора го доведоа во прашање почитувањето на фискалната дисциплина и го забавија напредокот во структурните реформи во земјите од Западен Балкан, се додава во анализата.
Корупцијата и недоволното владеење на правото се одразија и на економскиот раст. Во некои земји слабо се спроведуваа антимоноплските политики, а инфарструктурата и натаму останува недоволно развиена и покрај зголеменито обем на јавни инвестиции во овој сектори последниве години. Друг проблем за бизнисот се и малите пазари во земјите во регионот, се заклучува во документот.