Цуклев: Прогресивниот данок не прави разлика меѓу вреден професор и некој што поседува викендици и дуќани

Од:

Дали е богат ИТ инженер, универзотетски професор или менаџер во ТИРЗ зона, наспроти група луѓе кои стекнале капитал на различен начин во минатото, праша пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Драган Цуклев, на комисиската расправа за воведување прогресивен данок во Собранието.

Од опозицијата преку амандмани бараат да не се воведува прогресивен данок, туку да остане рамното оданочување, посочувајќи дека тоа е подобро и за спречување на сивата економија, но и за пофер оданачување.

„Немате мерило кој е богат. Оваа решение не прави никаква разлика помеѓу професор кој заработол со пот 100.000 денари и оној што поседува викендици и дуќани. Велите ќе инкасирале од богатите 25 милиони евра во буџетот по овој основ. Тие пари во 2017 секако беа собрани. Се знае имаше покачување 15 отсто, за оние кои даваат имот под закуп. Нема никаков фискален ефект“, рече Цуклев.

Пратеникот Цуклев ова го образложи откако беа отфлени двата амандмани едниот да остане рамен данок, а вториот да не се оданочуваат прогресивно, односно со 18%, доходите кои граѓаните ги заработиле по основ на плати или продажба на земјоделски продукти.

Тој зборуваше дека ова решение негативно ќе се одрази и врз странските инвеститори и брз зголемувањето на вработувањето.

„Ако рамниот данок беше адут во ракавот за привлекување странски капитал, сега веќе го немаме“, додаде тој.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се намалила сиромаштијата при што наведе дека во 2006 имало 434 илјади формално вработени наспроти во 2016 кога се искачил на 590 илјади со рамниот данок. Исто така се намалил и бројот на неформално вработени од 174, на 133 илјади, што покажува дека се намалила сивата економија наведе пратеникот.

За министерот за финасии Тевдовски овие тези не се прифатливи и тој остана на ставот дека 1% биле богати во државата со примање од 4.300 евра, наспроти останатите кои според анализите на Министерството за финасии биле измеѓу 380 и 280 евра.

Во врска со ова прашање, поднесни се 22 амандмани, најголем дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост