Ципрас: ММФ се обидува да ги промени договорените услови

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го обвини Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека се обидува да ги промени договорените услови од планот за спас на земјата.

– Грција не може да сфати зошто ММФ се обидува да ги промени плановите за реформи, со што тие би се поедноставиле и би станале помалку ефикасни и најголем дел од нивниот товар би паднал врз грбот на сиромашните, наведе Ципрас во авторски текст во британскиот весник „Фајненшл Тајмс“.

Грчкиот премиер во текстот нагласува дека неговата Влада добила мандат од народот да оствари буџетска дисциплина, надеж, доверба, социјална праведност и надминување на нееднаквоста, што, според него, ќе се оствари со мерките што ги предлага Атина.

Ципрас во статијата изразува увереност дека во следните денови Атина ќе добие позитивна оцена од кредиторите за спроведените реформи и дека 2016 година ќе биде година на социјален и економски препород на Грција, со што „ќе се врати гордоста и оптимизмот на нејзиниот народ и таа ќе стане пример за држава со перспективен и оддржлив развој“.

Во исто време, како што објави атинскиот весник „Катимерини“, првиот човек на ММФ, Кристин Лагард ја обнови надежта на Атина во врска со учеството на Фондот во третата програма за спас на Грција, нагласувајќи дека Фондот нема да се повлече од земјата.

Лагард при тоа го повтори ставот на ММФ дека е потребна промена на долгорочните цели по 2018 година, наведувајќи дека според сегашниот план, невозможно е нивни реализирање.

Таа нагласи дека ММФ останува резервиран во врска со спроведуваето на овие цели, но дека сепак остава можност да и се дозволи на грчката Влада да предложи други мерки.

Најголемиот кредитор на Грција, Германија, досега во неколку наврати потенцираше дека инсистира на останување на ММФ во третата програма за помош на Грција, нагласувајќи дека и натаму е против идејата за отпишување на грчкиот долг, додава „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели