Ципрас: Грција води дијалог со ЕУ за „Турски поток“

Од:

Грција води дијалог со ЕУ за продолжување на гасоводот „Турски поток“ од Грција кон други земји на ЕУ, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас пред неговата утрешна посета на Москва. Ципрас потенцира дека Атина има сериозни аргументи за ова барање.

Во интервју за ТАСС, грчкиот премиер истакна дека енергетската соработка е многу важна сфера во грчко-руските односи.

– Ние го цениме фактот што Русија е важен партнер во енергетската сфера, бидејќи таа располага со многу извори на енергија, рече Ципрас.

Тој посочи дека Грција и други европски земји сметаат дека ЕУ треба да соработува со Руската Федерација за гасоводот „Турски поток“. Според Грција, гасоводот не треба да биде само „Турски поток”, туку да стане „Европски поток”.

– Имаме дијалог по ова прашање во ЕУ. Верувам дека нашите аргументи се сериозни. Имаме упорност и трпеливост, и верувам дека можеме да имаме позитивни резултати во иднина, рече Ципрас.

Грчкиот премиер, исто така, укажа дека Грција направила стратешки избори за продлабочување на руско-грчките односи и зајакнување на пријателството меѓу двете земји. Ципрас истакна дека иако билатералните дипломатски односи се развиваат повеќе од 190 години, тие не секогаш биле конструктивни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он