Членките на ММФ не постигнаа договор за грчкиот долг

Од:

Земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не постигнаа единствен став околу грчкиот долг и неопходноста од усвојување нови мерки за негово отпишување, се наведува во соопштението објавено по синоќешниот состанок на Управниот совет на Фондот во Вашингтон.

Управниот совет на средбата расправаше по извештајот на Мисијата на ММФ во Атина за состојбата на грчката економија која од 2010 година па досега, во три наврати беше спасувана со меѓунардона финансиска помош.

Во извештајот се посолува дека државниот долг на Грција е неодржлив и ќе остане таков, дури и во случај земјата да ги спроведе сите преземени обврски од програмата за спас усогласена со странските кредитори и дури ако се спроведат краткорочни мерки за негово намалување.

Во документот се оценува дека за да може Грција да ги оствари заштедите што од неа ги бараат нејзините европски партнери, Владата во Атина ќе мора да преземе дополнителни мерки на штедење, кои вклучуваат и ново намалување на платите во државниот сектор и на пензиите.

Фондот смета дека грчкиот долг е целосно неодржлив, па затоа тој не би можел да учествува во исплатата на нови кредити на Грција, освен во случај да бидат утврдени посебни услови, кои би опфатиле поголем отпис на долгот од страна на европските кредитори и спроведување на дополнителни мерки на штедење.

Во извешајот се бара и пролонгирање на роковите за отпата на кредитите на Грција до 2070 година и се оценува дека е неоствралива поставената цел буџетскиот суфицит на земјата по завршувањето на сегашната програма за спас во 2018 година, да изнесува 3,5 отсто од БДП. Според Фондот, суфицитит ќе се движи меѓу еден и 1,5 проценти.

На идејата на отпис на долгот се противат европските кредитори, пред се Германија, која инсистира на учеството на ММФ во програмата за спас на Грција.

Германскиот министер за финансии, Волгфганг Шојбле посочи дека доколку ММФ не учествува во помошта за Грција, тогаш тоа ќе значи крај за програмата за спас.

Германија бара ММФ да учествува во исплата на третата транша помош што Грција треба да ја добие во наредниве осум месеци, но е против отпис на долгот, на што инсистира Фонд.

Грчката Влада, пак од своја страна, уште претходно најави дека нема да прифати воведување нови мерки на штедење.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка