Членките на МАЕ пуштаат на пазарот 20 милиони барели нафта од резервите

Од:

Членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одлучија да продадат 120 милиони барели нафта од резервите за да ги ограничат цените кои нагло пораснаа по руската инвазија врз Украина, изјави директорот Фатих Бирол.

– МАЕ колективно ќе стави на располагање вкупно 120 милиони барели нафта од резервите (вклучувајќи 60 милиони барели што ќе ги додадат САД како дел од поширокиот план за продажба од Стратешките нафтени резерви), напиша Бирол на Твитер.

САД во март соопштија дека во следните шест месеци на пазарот ќе пласираат вкупно 180 милиони барели нафта од резервите, најмногу од нивното формирање. Другите членки на МАЕ, исто така, најавија заедно најмногу барели откако агенцијата почна да ја координира продажбата. Досега тоа го направиле во четири наврати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста