Цените на нафтата на меѓународните пазари над 91 долар

Од:

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари надминаа 91 долар, откако можното губење на снабдувањето од Русија повторно ги стави во втор план стравувањата дека зголемувањето на каматните стапки и кинеските мерки на заклучување ќе ѝ наштетат на побарувачката.

Цената за барел нафта попладнево на лондонскиот пазар беше повисока за 2,29 долари во споредба со вчерашното затворање и изнесуваше 91,44 долари. На американскиот, барелот се тргуваше по 2,45 долари повисока цена, од 85,99 долари.

На крајот од неделата, трговците се фокусираа на најавите на водечките производители дека ќе ја намалат понудата.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе запре извоз на нафта и гас во Европа, доколку Брисел ги ограничи цените на руските енергенти. Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија благо да ја намалат понудата во октомври.

Најавите за намалена понуда ги поттурнаа во втор план стравувањата дека подигнувањето на каматните стапки во еврозоната, за три четвртини од процентниот поен, најмногу откако Европската централна банка го презеде кормилото на монетарната политика, може да ја ограничи побарувачката.

Трговците накратко ги занемарија и строгите епидемиолошки мерки во Кина, што ја намалуваат економската активност и ја поткопуваат побарувачката за нафта.

Вчера градот Ченгду го продолжи карантинот за повеќето од своите над 21 милион жители, а на милиони граѓани во други делови на Кина им е кажано да избегнуваат патувања за време на празниците што следуваат.

ОПЕК одвоено објави дека барел од нафтената кошница на неговите членки вчера се намали за 3,29 долари, на 92, 67 долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

A1on

Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Цените на нафтата благо пораснаа