Цените на индустриските производители на домашниот пазар пониски за 0,1 процент

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари се пониски за 0,1 процент на месечно ниво, а на годишно се повисоки за 2,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во февруари во споредба со јануари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата трајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти, нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти и во групата капитални производи за 0,1 процент.

Во февруари  годинава во однос на тој месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти, енергија за 4,2 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он