Цената на нафтата во пад

Од:

Цените на нафтата од утрово почнаа да паѓаат по слабите податоци од кинескиот преработувачки сектор и јакнење на доларот, наведуваат аналитичарите.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јули опадна на Стоковата берза во Њујорк за 63 центи на 93,65 долари за барел, додека во исто време на берзата во Лондон барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 60 центи, на 102 долари.

– Нафтата е во пад поради кинескиот индекс на менаџерска набавка (ПМИ). Луѓето очекуваа слаб резултат, но не и волкав пад, изјави стратегот на сингапурската фирма „ИГ маркетс“ Кели Тио.

Јакнењето на доларот исто така се одрази на цената на нафтата, наведуваат аналитичарите.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол