Цената на нафтата се намали за повеќе од 8 отсто

Од:

По порастот на производството на нафта во САД, јакнењето на доларот и остриот пад на индексите на светски берзи забележан е пад од повеќе од 8 отсто на цените на нафтата на светските берзи.

Цената на нафтата сега е на најниско ниво од декември. На лондонската берза цената за барел нафта падна за 8,5 отсто, на 62,8 долари, а на њујоршката берза, пак, цената поевтини за 9,5 отсто, на 59,2 долари.

Затоа сега цените на „црното злато“ се во минус околу 11 отсто во однос на своите најголеми нивоа во оваа година, достигнати кон крајот на јануари.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски