Цената на нафтата падна под 94 долари за барел

Од:

Цената на нафтата утрово падна под 94 долари за барерл, по објавувањето на извештајот кој укажа на раст на залихите на „течното злато“.

Американската „лесна“ нафта за испорака во јуни поевтини на Трговската берза во Њујорк за 38 центи на 93,92 долари за барел.

Во исто време, на берзата во Лондон барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 32 центи на 103,18 долари.

Американскиот нафтен институт во својот вчерашен извештај соопшти дека залихите на нафтата во неделата заклучно со 10 мај се зголемија за 181.000 барели на 390,2 милиони во однос на претходната недела.

Големите залихи и предвидувањата за слабиот раст на глобалната економија ги потиснаа цените на нафтата.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот