Цената на нафтата на светскиот пазар и понатаму паѓа. Во Њујорк цената на светлата сирова нафта падна за 99 центи и сега е 96,27 долари по барел.
Во Лондон цената на сировата нафта „брент“ е помала за 47 центи и изнесува 114,54 долари по барел.
Аналитичарите наведуваат дека падот на цената на нафтата ги избриша скоро сите приходи, веднаш откако во објавеното соопштение за најновата политика на американските Федерални резерви, е сугерирано дека се подготвуваат нови чекори за зајакнување на економијата.