Цените на нафтата на светските берзи достигнаа највисоко ниво во последните три години, што е последица на падот на курсот на доларот.
На лондонската берза цената на барелот минатата недела порасна за 2,7 отсто – на 70,52 долари, а во еден момент достигна и до 71,28 долари, што е највисоко ниво од декември 2014 година.
На американскиот пазар, барелот поскапе за 4,3 отсто – и достигна до близу 66,66 долари што е највисоко ниво во последните три години.