Цената на нафтата и понатаму паѓа

Од:

Цената на нафтата и понатаму паѓа поради зголемената понуда и намалувањето на побарувачката.

Русија, наспроти ова, руши рекорди во производство, додека, пак, Ирак бележи невиден извоз.

Сепак, за состојбата со цената на нафтата дополнително силно влијае и одлуката на ОПЕК од ноември минатата година дека нема намера да го намали производството на нафта и дека земјите-членки на оваа организација лесно ќе ги пребродат ниските цени на црното злато.

Американската нафта поевтини на 51,40 долари, што е најниско ниво на цената од мај 2009 година, додека цената на европскиот „брент“ опадна на 55,25 долари за еден барел.

Имајќи ги предвид состојбите на економиите во Кина, Јапонија и во еврозоната, аналитичарите не очекуваат посилен пораст на побарувачката за нафта наскоро.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол