Цената на нафта различна по говорот на Обама

Од:

Цената на сировата нафта денес е различна, откако американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот да го одложи гласање за примена на воена сила во Сирија, соопштија аналитичарите.

За октомврискиот рок цената на испорака на Меркантилната берза во Њујорк падна за 30 центи, на 107,09 долари по барел, а истата количина на северноморската нафта од видот „бренд“ во Лондон чини 111,43 долари, односно осумнаесет центи повеќе отколку последната, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Обама во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека ќе и даде последна можност на дипломатијата, за да се избегне воен удар на Сирија.

-Од таа причина побарав од Конгресот да го одложи гласањето за примена на воена сила-изјави Обама наведувајќи дека државниот секретар, Џон Кери утре ќе се упати во Женева, за да се сретне со својот руски колега.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски