[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Цената на барел сирова нафта во вторникот на лондонската берза се спушти на 117,33 долари, додека на американската берза се продава за 41 процент пониска цена, односно 95,45 долари.
На почетокот на годинава нафтата порасна, а својата кулминација ја достигна пред една недела. Во меѓувреме настапи консолидација, бидејќи инвеститорите повторно ги проценуваат изгледите за светскиот економски раст и за евентуално пореметување во снабдувањето.
„Цената на нафтата достигна плафон од 118 долари, што би можело да поттикне одредени краткорочно ориентирани актери на берзите на добитоносни продажби“, вели Карстен Фрич од франкфуртската Комерцбанк.
„Со оглед на значителната геополитичка премија од ризик која е моментално пресметана во цената на нафтата, сметаме дека пад на цената е логичен, освен ако состојбите на Блискиот исток и во северна Афика се намалат“, вели Марк Граунд од Стандарг Банк.
Несигурноста во врска со изгледите за пад на еврозоната е зајакнета од прогнозите за забавување на францускиот раст во 2013-та година и претстојните праламентарни избори во Италија. Загриженоста поради можен прекин од снабдувањето од Блискиот исток и од северна Африка се намали.