Цената на барел нафта наскоро 65 долари

Од:

Ирачкиот министер за нафта, Адел Абдел Махди вчера оцени дека цената на сирова нафта, која во јануари падна на најниско ниво во последните шест години, повторно ќе достигне 64 или 65 долари за барел.

-Не мислам дека цената веднаш ќе го достигне претходното ниво, но очекувам дека наскоро ќе изнесува 64 или 65 долари- изјави Мехди.

Цената за барел „брент“ сирова нафта од Северно море од 115 долари во јуни минатата година, се намали на 45,19 долари во јануари, а пред два дена барел сирова нафта во Лондон чинеше 62 долари.

Инаку Ирак кој го изгради својот буџет за 2015 година, врз основа на просечната цена на нафта од 56 долари за барел, поради војната со екстремистичката организација Исламска држава, главно зависи од продажба на нафта.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол