Царинските процедури достапни преку курсеви за електронско учење

Од:

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.

Програмата за електронско учење предвидува можност за унапредување на обуките на Царинската управа, различно од класичното учење, како и можност за значително зголемен број на слушатели на обуките. Нивната достапност и флексибилност, овозможуваат полесно разбирање на царинското законодавство и се дел од заложбите на Царинска управа за блиска соработка, како со економските оператори, така и со сите засегнати од царинските постапки.

За следење на овие електронските курсеви, потребен е само пристап до интернет и на едноставен начин преку веб страната на Царинската управа, секој заинтересиран може да се стекне со основно или напредно знаење за сите теми од царинското работење. Исто така, е-курсевите се од големо значење и за подобрување на институционалниот капацитет на Царинската управа, бидејќи сега секој царински службеник, преку трите модули на курсевите, може на лесен начин и во секое време прогресивно да напредува и да достигне експертско познавање за царинските процедури.

На настанот, поддржан од Делегацијата на Европската унија, поздравно обраќање имаа Ѓоко Танасоски-директор на Царинската управа, Фрек Јанмат- раководител на Оддел за оперативни работи и советник при Делегација на ЕУ и Виктор Стојкоски, генерален секретар на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија.

Директорот Танасоски стави акцент на тоа дека пренесувањето на информациите е предуслов за униформна примена на царинското законодавство, а е-учењето е одговор на сè поголемата потреба за обуки. Компететноста и конкуретноста на царинските службеници се важни и треба постојано и систематски да се развиваат. Со посветеноста да се користи платформата за е-учење, можат полесно да се применат стратешките цели на Царината, како и на увозниците и извозниците.

Јанмат ја потенцираше потребата за поблиска соработка помеѓу царинските администрации и деловната заедница и користењето на информатички и комуникациски технологии при зајакнување на знаењето. Истакна и дека модулите за електронско учење, со содржаните информации допринесуваат за подобрување на експертското знаење.

Виктор Стојкоски ја поздрави иницијатива на Царинската управа за изучување на царинската регулатива, со избор на еден од поефективните начини за едукација – курсеви за електронско учење, кои се широко достапни и секој може да учи со сопствено темпо и во време кога е најслободен.

Курсевите, нивната содржина и предностите од нивното користење беа претставени и преку видео презентација. Истите се достапни на следниот линк:

http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/e-carina/e-ucenje/1671-lista-kursevi-mk

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ