Царинските приходи во првите шест месеци повисоки за 8,6 отсто

Од:

Царинската управа на Република Македонија во првата половина од 2017 година оствари приходи во износ од 36,8 милијарди денари, што претставува за 8,6 отсто повеќе од истиот период во 2016 година, односно 5,7 проценти повеќе од планираните приходи за овој период од годината.

Царинската управа соопшти дека по основ на ДДВ се прибрани 22,05 милијарди денари, што претставува за 11,5 отсто, односно за 2,3 милијарди денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и за 6,3 отсто повеќе од планираните приходи од ДДВ, од царина 2,5 милијарди денари, што е за 8,9 отсто, односно за 204 милиони денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и за 4,5 отсто повеќе од планираните приходи од царина, од акцизи 11,9 милијарди денари, што претставува за 4 отсто, односно за 454,1 милиони денари повеќе од наплатените во истиот период во 2016 година и за 5,1 отсто повеќе од планираните приходи од акцизи. Од надоместоци се прибрани 307,7 милиони денари, што претставува за 6,6 отсто, односно за 21,9 милиони денари помалку од наплатените во истиот период во 2016 година и за 1,8 отсто помалку од планираните приходи од надоместоци.

Царинската управа на Република Македонија, задржувајќи постојан тренд на зголемување на наплатата, очекува да го исполни и да го надмине планот за наплата на давачки за 2017 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он