Царинската управа одбележува 29 години од постоењето

Од:

Царинската управа денеска одбележува 29 години од постоењето како самостојна државна институција.

Директорот на Царинската управа Горан Сугарески во видео обраќање оцени дека и покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата, Царинската управа успеала да ги реализира сите планирани активности изминатата година.

– Изминатата година ја одбележаа повеќе настани и проекти меѓу кои и претседателството со Поткомитетот за царина и правила на потекло во рамки на ЦЕФТА, кој има големо влијание во олеснувањето на националната и прекуграничната трговија. Како претседавачи со овој комитет, успеавме да воспоставиме т.н. зелени коридори, преку кои за време на пандемијата сите земји членки на ЦЕФТА се обврзаа да обезбедат 24 часовна работа на граничните премини за извоз и увоз на стоки во рамки на ЦЕФТА, како и на клучните гранични премини со Европската Унија. Исто така, согласно потребите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат го развивме новиот модул РАВИО во рамките на ЕХИМ системот кој служи за автоматско следење и стопирање на лицата кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата, а имаат решение за изолација, вели Сугарески во видео обраќањето.

Традиционално, на денот на Царината искажана е благодарност до институциите и поединци кои дале придонес за работата на Царината, а на царинските службеници со 10, 20 и 30 години работење им биле дадени благодарници.

Во рамки на годинашното одбележување организирана е и крводарителска акција, а царинските службеници својата хуманост ја искажале и преку донација на мебел, инвертер клима уреди, постелнина, кујнски апарати и детски играчки за „Родителска куќа“, каде се сместени родителите чии деца се пациенти и примаат терапија на хемато-онколошкото одделение на Универзитетската клиника за детски болести.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Горан Наумовски