Царината и ТДР Скопје ќе спречуваат фалсификување цигари

Од:

Со меморандум за соработка потпишан меѓу Царинската управа на Република Македонија и ТДР Скопје, членка на Бритиш американ тобако, ќе спречуваат фалсификување цигари и други тутунски производи од трговските марки чии носители на правата се друштвата членови на групацијата British American Tobacco.

Меморадумот, како што соопшти Царинската управа, е потпишан вчера е со цел сузбивање на криумчарењето и нелегалната трговија со тутунски производи и заштита од повреда на правата за интелектуална сопственост.

– Имајќи ја предвид и безбедносната функција на Царинската управа, меѓу другото, двете страни потписнички се договорија и заеднички да спроведуваат медиумски кампањи наменети за подигнување на јавната свест за нелегалната трговија со цигари и други тутунски производи, како и нивното влијание врз економијата, врз правниот систем и врз општеството во целина, стои во соопштението.

Во изминатата 2017 година царинските службеници во 25 случаи спречија шверц на околу 270 илјади парчиња цигари и 222 килограми режан тутун.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он