Царината ќе се поврзe со системот на ЕУ

Од:

Царинската управа на Република Македонија ќе се поврзе со тарифниот систем на Европската унија. Поддршка за ова ќе добие од ЕУ преку два проекта од 2,4 милиони евра чија реализација почна денеска.

Според директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, ова е проект со кој се прави уште еден чекор во процесот на реформите кон ЕУ и ќе функционира пред Република Македонија да влезе во Унијата.

– Овој проект ќе придонесе кон градење на капацитетот на Царинската управа, рече Каргов, посочувајќи дека во насока на приближување кон стандардите на ЕУ се користат повеќе програми, а преку ИПА програмата ќе се подобрува инфраструктурата на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав посочи дека проектот обезбедува поефикасен систем на царина и оти е предност за спречување на недозволена трговија со стоки и корупцијата.

Тој додаде дека ќе продолжи поддршката на Царинската упава во зајакнување на нејзиниот капацитет и оти го поддржува приемот на Македонија во ЕУ.

Проектот претставува бизнис концепт што ги групира повеќето компјутерски системи кои служат за размена на информации помеѓу Европската Комисија и земјите – членки на ЕУ. Главна цел на проектот е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. Проектот ќе се спроведува една година.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ