Царина не водела евиденција за маслото за греење од 160.000 евра, утврдила Ревизијата

Од:

Ревизијата во Царинската управа утврдила дека за затоплување на објектите на граничните премини, извршена е набавка на 143 илјади литри масло за греење во вкупен износ од 10.046.000 денари или околу 160.000 евра за кое не се води материјална евиденција за примените и потрошените количини.

„Пописната комисија нема извршено попис на маслото за греење, со што е оневозможен увид со кои количини располага Царинска управа на крајот на пресметковниот период“, стои во ревизорскиот извештај за Царинската управа за 2021 година.

Во однос на евиденцијата за движењето на залихите на метални сигурносни пломби, кои се користат за пломбирање на транспортните средства, царинските и акцизните складови, утврдено е дека во материјалната евиденција се врши само евидентирање на примена и вкупно издадена количина на сигурносни пломби од Централниот магацин кон царинарниците низ државата, без податоци за нивниот потрошок поединечно по сериски број, што не овозможува целосно следење на искористените пломби и точна состојба на нивната залиха.

„Не е воспоставено хронолошко и навремено финансиско евидентирање на залихите на сигурносни пломби, поради што во деловните книги на 31.12.2021 година евидентиран е износот на залиха утврден со редовниот годишен попис за 2021 година, во износ од 1.492 илјади денари. Истакнуваме дека во текот на 2022 година се преземени активности за хронолошко и навремено евидентирање на залихата на метални пломби во финансиската сметководствена евиденција, како и за надградба на постоечки систем во Царинска управа, со што ќе се овозможи автоматско преземање на искористени царински пломби по сериски броеви и нивно раздолжување и задолжување од системите за обработка на царински декларации“, покажа ревизијата.

Оттаму велат дека со забелешките по Нацрт извештајот, Царинската управа приложила документација и информира дека во 2023 година отпочната е евиденција на залихите на масло за греење и металните пломби во Системот за материјално и финансиско работење.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии – Царинска управа на Република Северна Македонија на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност. Со извршената ревизија за 2021 година, изразено е мислење со резерва за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи, а мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски