Бугарија: Кавгата за подршка на рускиот гасовод ја урна владата

Од:

За оние кои се вознемирани од растечкото влијание на Кремљ во Европа, Бугарија одамна е главниот осомничен, пишува во статија објавена во најновиот број на британското списание „Економист“.

До 90 проценти од гасот за Бугарија доаѓа од Русија. Таа е најжестокиот подржувач на „Јужен поток“, гасоводот преку Балканот, кој Русија го препорачува кршејќи ги правилата на ЕУ за енергетска либерализација. Руското присуство во темните светови на бугарските банки и финансирањето на политичкуте партии предизвикува сериозна загриженост, стои во статијата.

Овој месец проблемот излезе во преден план. На 3 јуни, ЕУ решително ја предупреди Бугарија да ја запре изградбата на „Јужен поток“, што беше исто така подржано од владите на Австрија, Грција и Унгарија. Бугарската влада – малцинска коалиција помеѓу социјалистите и партијата на етничките турци, веднаш го одби ова. Истиот ден, ЕУ привремено откажа десетици милиони еврофондови за регионален развој. ЕУ неофицијално се закани дека ќе замрзне уште фондови.

Тоа доведе до спорови внатре во коалицијата помеѓу ДПС, чија разединетост одамна оди во прилог на турската партија и нивните социјалистички сојузници, најсилните подржувачи на „Јужен поток“.

Понатаму „Економист“ потсетува на посетата на американскиот сенатор Џон Мекејн на Софија и предупредувањето од него кон премиерот Пламен Орешарски за ризиците од продолжување на работата на „Јужен поток“.

Америка е особено незадоволна од проектот. Едни од изведувачите, „Стројтрансгаз“, е во сопственост на рускиот магнат Генадиј Тимченко, кој е на списокот на Белата куќа за санкционирани лица заради неговите врски со Путин, потсетува „Економист“.

Орешарски изјави дека ќе замрзне работата на гасоводоот додека течат консултациите со ЕУ. Министерот за енергија изјави дека работата на „Јужен поток“ е „не може да се сврти назад“. И така веќе ослабената Влада почна да изгледа како да е осудена на пропаст.

На 17 јуни, претседателот Росен Плевнелиев рече дека политичките партии во земјата се согласиле за предвремени избори во текот на претстојната есен.

Претседателот – кој е силен атлантист и проевропеец и не припаѓа на ниту една политичка партија, има најголема корист од ситуацијата, пишува „Економист“. Но, му недостига политичка база. Некои се надеваат дека тој ќе формира политичка партија и дека ќе учествува на изборите.

Друг голем победник е Бојко Борисов, поранешен бодигард кој е на чело на десноцентристичката опозициска партија ГЕРБ. Најверојатниот резултат од изборите ќе биде Влада на чело со него и ДПС како помлад партнер.

Но, делењето на картите нема да ја реши загриженоста заради корупцијата и злоупотребите на власта кои доведоа до сегашната политичка криза, смета „Економист“. Особено големи спорови се водат околу водечката фигура во ДПС – медискиот магнат Делјан Пеевски, кого Владата го предложи за шеф на агенцијата за државна безбедност.

Тој беше втор на листата на партијата на европските избори, но беше принуден да се откаже по спротивставувањето од либералната група во Европарламентот на која и припаѓа ДПС. Сега тој тврди дека Цветан Басилев, банкар кој има тесни врски со Москва и со Социјалстичката партија, се обидел да го убие минатата недела. Василев го негира сето тоа.

Паѓањето на Владата е знак дека кога ќе се стигне до критичната точка, власта на локалните магнати ја надминуваат онаа на Кремљ. Но, тоа не е причина за утеха, завршува статијата во „Економист“.

Би можело да ве интересира

Антиќ-Сијарто: Подготвени сме за Јужен тек, но не зависи се од нас

Наум Локоски

Гасовод од Грција преку Македонија и Србија алтернатива за „Јужен тек“

Ана Ололовска

Србија и Бугарија да му ги вратат на „Газпром“ парите вложени во Јужен поток

Емир Латифовиќ

Јужен тек – засега најскапата жртва на заострените односи на ЕУ и Русија

Ана Ололовска

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

Емир Латифовиќ

Србија потроши 30 милиони евра во пропаднатиот проект Јужен поток

Емир Латифовиќ