Бројот на туристи во текот на минатата година бележи раст од 10,9 отсто, при што кај домашните туристи има зголемување за 6,5, а кај странските за 14,2 отсто. Во тој период реализирани се ноќевања за 9 проценти повеќе при што странските туристи освариле повеќе ноќевања за 12,3 отсто, а домашните за 6,6 отсто.
Државниот завод за статистика објави дека бројот на туристите во декември 2015 година бележи раст од 24,4 отсто, а бројот на ноќевањата 19,7 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на туристи изнесувал 40.333, а бројот на ноќевањата 77.423.
Растот кај домашните туристи изнесува 33,2 отсто, а кај странските туристи 18,0 отсто. Домашните туристи оствариле ноќевања за 27,3 проценти повеќе, а странските за 14 отсто повеќе.