Бродбент: Британската економија влегува во „менопауза“

Од:

Заменик гувернерот на Банката на Англија, Бен Бродбент се извини за изјавата дека „британската економија влегува во период на менопауза“.

Тој во интервју за „Дејли Телеграф“ ги опиша економиите кои, според него, „го надминале својот максимум и повеќе не се потентни“.

Бродбент го спореди неодамнешното слабеење на продуктивноста на британската економија со сличниот застој во кој се нашла кон крајот на 1800-те, оценувајќи го како „климактеричен период“.

Подоцна тој изјави дека му е жал поради лошиот избор на зборови и доколку некого навредил.

Поради неговите коментари остро реагирале жени на Твитер, кои се против употреба на таа фраза.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон