Британскиот оддел на глобалниот синџир продавници на играчки Тојс Р Ас влезе во стечај, со што се заканува затворање на стотина продавници и губење на над 3.000 работни места.
Компанијата информираше дека зголемената минимална плата во Британија, давачките за приправници и инфлацијата, како и намалената продажба поради подемот на интернет продавниците довеле до сериозен притисок врз нивниот синџир продавници. Компанијата имала негативен биланс во седум од изминатите осум години. И американското одделение на компанијата се соочува со значителни загуби, повторно поради навиката играчките да се купуваат преку интернет.