Британскиот Парламент го усвои новиот буџет, откако министерот за финансии Џорџ Озборн се откажа од планираното скратување на социјалните бенифиции за хендикепираните лица.
При гласањето во Долниот дом, за вака изменетиот буџет гласаа 310, додека против беа 275 пратеници.
Предлогот на министерот Озборн, за натамошно скратување на буџетската потрошувачка, овој пат во секторот на бенифициите за хендикепираните, предизвика бурна реакција кај лабуристичката опозиција и кај британските медиуми, но и во редовите на владечаката Конзервативна партија.
Најсилниот удар од ториевците го предизвика оставката на доскорешниот министер за труд и пензии, Иан Данкан Смит, поранешен лидер на конзервативците, кои незадоволен од предложениот буџет, се повлече од владата.
Тој остро му замери на својот сопариец Озборн, но и на владата и на премиерот Дејвид Камерон, за продолжувањето со политиката за постојано скратување на буџетот, откривајќи дека врз него, како министер, бил вршен притисок да го прифати скратувањето на социјалните фондови за хендикепираните.
Данкан Смит ја предупреди својата партија да се откаже од досегашната политика да за свртеност кон подоброплатените слоеви во општеството, а целосно да ги игнорира оние кои „ не гласаат за конзервативците„ за да не дојде, како што рече, до поделба на британското општество.
Подршка на доскорешниот министер веднаш му даде градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон кој се повеќе се појавува во улогата на „другата страна„ наспроти Камерон и неговите сојузници во партијата и владата, нарекувајќи го предлотот на Озборн „погрешен чекор„.
Оставката на Данкан Смит и реакцијата на Џонсон, обајцата противници на останувањето на Британија во ЕУ, го зголеми притисокот врз Камерон и се закани да предизвика уште поголема поделба меѓу ториевците, кои веке постојат околу референдумот , па Озборн и премиерот, се определија да се откажат од контроверзниот предлог, за да буџетот помине во Парламентот.
Лондонските медиуми сметаат дека усвојувањето на буџетот за момент ќе ги смири страстите меѓу скараните и подлени ториевци, но владата сега ќе мора да „најде„ 4,4 милијарди фунти за да го покрие кусокот што остана непокриен во буџетот.