Британски Теско продава поскапи банани по парче, наместо во килажа

Од:

Британскиот синџир супермаркети „Теско“ во продавниците во центарот на градовите почна бананите да ги продава по парче, а не по килажа и на тој начин ја зголеми нивната цена повеќе од двојно.

Цената на една банана се зголеми од 10-15 пени до 25 пени.

Од „Теско“ овој потег го оправдуваат со високите цени за изнајмување простории во центарот на градовите.

– Нашите маркети се наоѓаат на првокласни централни локации каде киријата е повисока во однос на продавниците кои се надвор од градот, изјави портпаролот на компанијата.

„Теско“ има речиси 3.500 продавници во Велика Британија, од кои 2.700 се минимаркети.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон