Британија привремено ја национализира железничката линија Лондон – Единбург

Од:

Британската Влада денеска најави дека одново ќе ја национализира железничката линија од Лондон до Единбург.

Најголем дел од железничките линии во Британија беа приватизирани во 1990-ите години, а линијата меѓу престолнините на Англија и Шкотска ја менаџира компанијата Стејџкоуч СТГ.Л., која има договор до 2023 година. Но, поради падот на бројот на патниците и намалувањето на профитот, министерот за транспорт Крис Грејлинг најави дека договорот ќе биде раскинат предвреме, и дека Владата ќе ја менаџира линијата во следните неколку години, по што ќе побара нов приватен партнер.

Ова е трет пат договорот за линијата да биде раскинат од 2007 година досега. Опозициската Лабуристичка партија побара линијата да биде трајно национализирана, а истото го побара и синдикатот на британската железница Јунајт.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски