Британец собира пари за спас на Грција од банкрот

Од:

Британецот Том Фијни (29) вчера собра над 200.000 евра во доброволното донирање на пари со цел да се спаси Грција од банкрот

Фијни кој работи во продавница за чевли апелира до секој Европеец да донира пари колку што чини една грчка салата.

– Грците имаат потреба од 1,6 милијарди евра. Тоа изгледа многу, но сепак се само три евра на Европеец или цената на половина пинта пиво во Лондон или една грчка салата, истакна Фијни на сајтот „Indiegogo“.

Тој прво понудил еден мал грчки остров на тој што би ја донирал целата сума од 1,6 милијарди евра, но сајтот го предупредил дека за таков договор нема согласност од грчката Влада. Затоа Фијни на донаторите им ветил поштенска картичка со ликот на грчкиот премиер Алексис Ципрас испратена од Грција со марка од три евра, достава на грчка салата до дома за шест евра или шише „Узо“ за 10 евра.

Ако целата сума не биде собрана за седум дена, парите ќе им бидат вратени на донаторите.

Повеќе од 13.000 луѓе денеска одговориле на барањето на Фијни и собрале приближно 200.000 евра, што е 0,01 отсто од потребните 1,6 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он