Богов: НБРМ ќе преземе мерки ако политичката криза влијае на економијата

Од:

Народната банка на Република Македонија внимателно ги следи сите движења во економијата во последните неколку месеци по настанувањето на политичката состојба во земјава и реакцијата и мерките што ќе ги преземе ќе бидат во согласност со остварувањето на основите цели на НБРМ – задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскито сектор.

Ова го истакна денеска гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на кој се разгледуваше Извештајот за работењето на Банката во минатата година, прашан за влијанието на политичката криза врз македонската економија.

– Во нашето основно макроекономско сценарио ја задржавме проекцијата за раст годинава од 4,1 проценти и 4,5 проценти наредната година. Но, сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор при што нема да имаме простор да го поддржиме економскиот раст, рече Богов додавајќи дека инструментите со кои би го сториле тоа е преку затегање на монетарната политика што би значело зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните.

Богов истакнува дека тоа ќе бидат неопходни мерки и оти Народната банка ќе го направи она што мора за да ги оствари своите основни цели.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата