Богов: Без изгласан буџет, нема поевтини кредити

Од:

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов изјави за весникот „Вечер“ дека без изгласан Буџет нема да може да се спроведе заклучокот од последната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, одржана на 11 декември.

На таа седница било заклучено дека доколку продолжи трендот на релативно поволни движења, пред се’ кај инфлацијата и девизните резерви, тоа ќе придонесе за создавање услови за евентуални промени во монетарната политика, што би значело можност за намалување на референтната каматна стапка на НБРМ.

„Секако, притоа го имавме предвид предложениот буџет за 2013 година и кредитната поддршка од Светската банка – 50 милиони долари во декември, а во февруари уште 220 милиони евра. Доколку продолжи блокирањето на Буџетот и на средствата од Светската банка може да се наруши поволната состојба за релаксирање на монетарната политика. Значи, компаниите и граѓаните не би можеле да добијат помали каматни стапки на кредитите“, вели гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, во интервју за „Вечер“.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати