Богов: 2017 е една од најслабите години од аспект на економскиот раст

Од:

Гувернерот Димитар Богов смета дека 2017 година е една од најслабите од аспект на економскиот раст во последните пет години и кажа дека НБРМ останува на проекцијата за економски раст од околу 0,5 отсто за годинава.

– Остануваме на проекцијата од 0,5 проценти за 2017 година. Третиот квартал потврди дека тука некаде ќе биде растот за 2017 година. Ќе бидеме доста близу до вистинскиот раст, но тоа ќе го дознаеме во март следната година кога ќе ги имаме податоците и за четвртиот кваратал од оваа година, изјави гувернерот на НБРМ Димитар Богов одговорајќи на новинарски прашања на Работилницата за финансиска едукација на новинари насловена „Правилно читање и толкување на извештаите на Народната банка и другите регулаторни институции“.

Тој сепак е оптимист дека следната 2018 година ќе биде подобра на економски план.

– Но, за да биде подобра, треба да се исполнат неколку услови. А тоа се да имаме постабилен политички амбиент, да имаме сигурност што значи да се подобарт инвестициите, да се зголеми личната потрошувачка, но и да продолжи оној тек на странски дирекни инвестции што го имавме во претходниот период и кој е носител на економскиот раст, рече гувернерот на НБРМ.

Како основна причина за тоа што инвестициите се негативни годинава Богов ја наведе продлжената политичка криза и несигурноста што ја чувствуваат инвеститорите.

– Токму поради тоа, и кредитирањето на корпоративниот сектор забавува од година во година и кога разговараме со банките основната причина која ја наведуваат е намалена побарувачка за инвестициски кредити, вели Богов.

Во 2018 година Богов не очекува да има промена на каматните стапки доколку нема некој домашен шок, но за 2019 година најверојатно ЕЦБ ќе започне со затегање на монетарната политика што најверојатно ќе го следи и Македонија.

– Американски ФЕД одамна започна со зголемување на каматните стпаки, а Европската централна банка најавува дека тој процес ќе го започне од 2019 година. Бидејќи сме врзани за еврото и ЕЦБ, односно нејзината монетарна политика за очекување е дека нашата монетарна политика би ја следела монетарната политика на ЕЦБ, освен ако не се случи некој шок на домашниот пазар, односно во домашниот монетарен амбиент. Доколку е се стабилно тогаш за очекување е дека и каматните стапки ќе се задржат, а во 2019 година кога ЕЦБ ќе започне со затегање на монтерната политика веројатно и ние би ја следела таа политика, изјави Богов.

Тој кажа дека се подготвуваат законски измени за да може НБРМ да ги сподели податоците кои ги добива за парите што стигнуваат преку брзиот трансфер на пари со другите институции во земјава.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он

Ангеловска-Бежоска за „НИН“: Носење проактивни економски политики за поголема отпорност на идните предизвици