Блок 1 во РЕК Битола нема да работи во следните два дена

Од:

Ја известуваме јавноста дека од денес попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката информираат од ЕСМ.

– Потсетуваме уште еднаш дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите. Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола. АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски